Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шокантни снимки од хаваријата во морето на смртта: Имигрантите меѓу кои и дете завршија на карпите

(ВИДЕО) Шокантни снимки од хаваријата во морето на смртта: Имигрантите меѓу кои и дете завршија на карпите
Поради се што се случува во последните неколку недели , Медитеранот со право го доби името „море на смртта“. Во неделата близу до либискиот брег дури 900 мигранти од Африка загинаа во страшната хаварија, а понеделникот за жал донесе две нови несреќи. Една се случи на бреговите на брегот Родос во Грција во која животот го изгубиле најмалку три лица. За среќа, грчките безбедносни служби и локалните жители брзо скокнаа во помош и од морето извлекле 120 замрзнати и престрашени луѓе. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/u8OnFLrYw1Q[/embed] Тие несреќни луѓе тргнале од непознати локации во Африка во пренатрупаната едрилица во потрага по подобар живот во Европа. За некое чудо дошле до грчкиот брег, но бреговите ги фрлиле на карпа и едрилицата се распаднала за секунда. Луѓето почнале да пливаат до брегот, но најмалку тројца од нив до копно никогаш не дошол. На една снимка која ја објави грчкиот портал Роиаки јасно може да се види како еден член на грчката крајбрежна стража од карпата спасува мало дете ... -Извлековме три безживотни тела засега- маж, жена и дете. Потрагата и спасувањето продолжуваат. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/17bSwjZrdi4[/embed] Националноста на луѓето на бродот уште е непозната. Во друга хаварија помешу Либија и Италија загинале 20 лица а 300 се спасени...  
Слично

Поврзани вести