(ВИДЕО) ШОК: Затвор или хотел од висока категорија? Вака изгледаат затворите во Норвешка
Џејмс Конвеј, повеќедецениски управник на затворот „Атика“ во Њујорк остана шокиран при посетата на норвешкиот затвор Халден. Се чудел без престан, а потоа започнал и да се смее.
Кога видел какви услови имаат затворениците во Норвешка, овој искусен затворски управник просто занемел од вчудоневиденост. Рекол дека не им верува на сопствејите очи и воопшто не може да поверува дека тоа е затвор.
„Во Америка работите стојат вака: Ако стигнете во затвор значи самите таму себе сте си се довеле. Никој друг не ви е крив, вие самите тоа сте си го заслужиле. Кому му е гајле како се чувствувате?“, вели Конвеј и практично ги опишува затворските устамнови во поголемиот дел од светот. Но не и во Норвешка.
Затворот Халден повеќе наликува на хотел од висока категорија. Кожни гарнитури за седење, огромни телевизори, прибор за јадење во кој на затворениците им се достапни и ножеви, па дури и работилница со секакви алати. Во затворот има и најсовремено опремено музичко студио, кое е дел од програмата преку која властите се надеваат да ја намалт агресивноста и склоноста кон криминал на затворениците.
„Ова е затворска утопија. Затворот не треба да бвиде удобен“, рекол Конвеј. Погледнете го видеото:
http://www.youtube.com/watch?v=2g56susrNQY#t=37
Слично
