(ВИДЕО) Шкотска вежба независност: Постави пасошка контрола на границата со Англија!
Возачите кои ја поминувале „границата“ меѓу Шкотска и Англија денеска останале зачудени кога ги пречекала рампа и ознаки на „Шкотска гранична агенција“.
На границата кај местото Џедбург бил поставен пункт со ознаки „Пасошка контрола“, со објаснување дека овој граничен премин ќе биде отворен на 19 септември, односно ден по референдумот за независност на Шкотска.
Сепак станува збор само за шега, со која неколку локалци се обиделе да ги намалат тензиите и да измамат насмевка кај граѓаните во вжештената атмосфера пред референдумот.
„Се организиравме како група од Шкотска и Англија. Едноставно сме обединети во шегата“, вели Џон Ли Паркер, фотограф од Манчестер, кој е еден од организаторите на оваа досетка.
Прашањето за тоа како ќе изгледа идната граница меѓу Шкотска и Англија доколку референдумот успее и дали на неа ќе има пасошка контрола, беше често поставувано во дебатата за референдумот за осамостојување на Шкотска. На цврсти граници инсистираат британските политичари, според кои ова е неопходно заради контрола на имиграцијата, додека шкотските борци за независност се залагаат за отворени граници меѓу двете земји и по евентуалното осамостојување.
http://www.youtube.com/watch?v=JnMP9XfRZZY
Слично
