(ВИДЕО) Шест луѓе се повредени откако комбе удри во масите на кафуле во Брисел
Комбе денеска околу 13 часот влета во маси на кафуле во центарот на Брисел, при што шест луѓе се повредени. Но, никој од повредените не барал болничко лекување.
Возачот побегнал од местото на настанот со возилото и по него се трага, велат од бриселското обвинителство. Не е јасно дали овој инцидент е несреќен случај или е изведен намерно. Претходните години имаше серија терористички напади кои беа извршени со автомобил.
Фото Твитер
Видеото можете да го видите овде.
Слично
