Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шега на сметка на новинарите која наиде на осуда

(ВИДЕО) Шега на сметка на новинарите која наиде на осуда

Европски политичар направи неумесна шега на сметка на новинарите. 

Чешкиот претседател Милош Земан се пошегува користејќи го бруталното убиство на новинарот,  Џамал Кашоги.

„Ги сакам новоинарите и можеби ќе ги поканам на вечера во саудиската амбасада”, изјавил Земан.

Чешките политичари застанаа во одбрана на новинарите со остри критики кон Земан. 


Ова не е прв ваков испад. На состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека дошле премногу новинари и треба да се ликвидираат.

И саудискиот принц Мохамед бин Салман го коментираше убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул. Кашоги е убиен во конзулатот, а сѐ уште не се знае каде е телото. Саудиска Арабија со денови негираше дека има врска со неговото исчезнување за на крајот да признае дека новинарот е убиен „по грешка“. Според нивната верзија, се работи за несреќен случај.

Слично

Поврзани вести