(ВИДЕО) ШАРЕНИ БАЛОНИ НАД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА: Нивното значење ќе ве скрши од болка
Бројот на
загинати во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија надмина
46.000, а од Турција денеска стигна вест дека спасувачите ќе ја продолжат
потрагата само во две провинции, додека во сите други е прекината.
Секојдневно сме сведоци на шокантни сцени од овие области кои беа целосно уништени од земјотреси, а она што го заинтригира целиот свет беа балоните кои беа поставени на урнатините во Хатај.
Многу луѓе се прашуваа зошто на урнатините има црвени, сини и розови балони.
Како што јавува Би-Би-Си, овие балони биле ставени во спомен на децата загинати во разорните земјотреси, а ги врзувале волонтери од Турција.
Имено, волонтери предводени од фотографот Огун Северо Окура, кои се членови на детското здружение Огун Аби, се искачија на урнатините во Хатај и прикачија балони на металните жици кои штрчат од купот отпад.
Тие првично ги идентификуваат локациите каде загинале децата, а потоа оставаат балони на влезовите во урнатините.
Colorful balloons were placed on the rubbles for the children who lost their lives in the #earthquake in #Hatay.#TurkeyEarthquake #TurkeyQuake pic.twitter.com/f2n5Cbcsr7
— Demiroren News Agency English (@dhaenglish) February 19, 2023
„Секој балон што го гледате овде претставува едно загинато дете“, изјави за турските медиуми основачот на ова здружение, фотографот Огун Север Окур.
Како што наведува Окур, тие сакаат да стават балони низ целиот Хатај.
„Се трудиме да го зачуваме споменот на децата кои ги загубија животите. Посакувам да ги ставиме овие балони во рацете на децата. За жал, ги загубивме нашите деца. Ова беше детска градинка и во зградата живеја многу деца. Каде и да допревме, каде живееја деца, размислуваме да ги закачиме овие балони“, изјави тој за турските медиуми, пренесува Хуриет.
Во еден момент, Окур истакна дека членовите на здружението учествувале во спасувачките мисии во Адана и Хатај во првата недела по разорниот земјотрес.
„Кога ми предадоа тело на дете, дел од мене се скрши“, изјави Окур.
