(ВИДЕО) Шанса да живеете на остров: Се бара пар кој ќе се грижи за него
Француската влада бара луѓе за работно место кое изгледа како работа од соништата-живот на малиот остров Куеменес и грижа за него.
Властите се принуден на овој потег бидејќи сегашните „чувари“ на островот Дејвид и Созик Кушинер решиле да го напуштат островот, на кој стигнале во 2007 година.

Островот илјадници години претходно бил населен, но пред 25 години тогашните сопственици ја напуштиле фармата која се наоѓала тука. Француската конзерваторска канцеларија го купила тогаш островот и одлучила да ја оживее фармата па го избрале семејството Кушинер за таа работа. Меѓутоа, љубовта „пукнала“ бидејќи дошло до судир меѓу семејството и канцеларијата околу изнајмувањето, а и сакаат децата да им живеат близу до училиштето.

„Кога ќе си одиме, ќе плачам. Претходните десет години беше супер, но мораме да си одиме, имаме нови планови“, рекла Созик за БиБиСи.
Парот на островот заработувал за живот занимавајќи се со земјоделство, собирање морска трева и изнајмување на соба. Не било секогаш лесно.

„Една година оставаме без целиот род поради зајаците“, раскажува Дејвид.
Проблем се и временските услови.
Моментално за нивни наследници има 20 сериозни кандидати.
