Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Северна Кореја забранила странци да учествуваат на маратонот

(ВИДЕО) Северна Кореја забранила странци да учествуваат на маратонот

Северна Кореја им забранила на странците да учествуваат на меѓународниот маратон кој во април традиционално се одржува во Пјонгјанг, поради страв од ширење на вирусoт ебола, соопштија од агенцијата специјализирана за водење на туристите во таа земја.

Директорот на агенцијата „Корио турс“ Ник Бонер изјавил за Ројтерс дека „Маратонот Пјонгјанг 2015“ од денес е затворен за аматери и професионалци и странски тркачи, пренесува Танјуг.

АП додава дека властите во Северна Кореја им забраниле на странците да учествуваат на најпопуларната туристичка манифестација во Пјонгганг поради загриженост од ширење на вирусот ебола.

Иако немало ни едно пријавување на случајот на ебола блиску Северна Кореја, Пјонгјанг ги затвори „своите врати“ за странските туристи во октомври, со воведување на најстрогите мерки. Одлуката следи после изјавата на севернокорејските медиуми дека „еболата е создадена од американската војска како биолошко оружје“.

 
Слично

Поврзани вести