(ВИДЕО) СЕВЕРНА КОРЕЈА СО ЗАКАНУВАЧКО ВИДЕО: Ќе претвориме се во пепел, бомбардерите на САД ќе горат!
Ким Џонг Ун објави пропагандно воено видео кое прикажува како војската на Северна Кореја разнесува американски носач на авиони.
Необично монтирано видео објави државната телевизија во саботата, а на него се гледа како трупите на Ким уништуваат американски авиони и бомбардери.
Женскиот наратор радосно извикува во текот на репортажата како „нож ќе му биде забоден во грлото на носачот, додека бомбардерите ќе паѓаат од небо откако ќе ги нападне дожд од куршуми“.
Видеото прикажува воени вежби на Америка и Јужна Кореја кои ја разлутиле владата на Северна Кореја.
Ова видео се појави откако Ким Џонг Ун се закани дека ќе ги претвори САД во пепел со помош на нуклеарно оружје доколку Американците истрелаат и еден куршум на Северна Кореја.
