Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Северна Кореја се пофали со моќна ракета, светот остро ја осуди

(ВИДЕО) Северна Кореја се пофали со моќна ракета, светот остро ја осуди

Севернокорејската државна телевизија информира дека денешното истрелување на ракетата со голем досег, наредено од шефот на државата Ким Џонг-ун, за да се извади сателит во  вселената, е „полн успех“.

Државната телевизија на Северна Кореја објави снимка на која се гледаат фотографии од бела ракета како прелетува во вселената, како и лидерот Ким Џонг Ун  опкружен со воени официјални лица во командниот центар, додека во тек било славењето.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=9NRMhnOHoGs[/embed]

Лансирањето на ракетата е во спротивност со санкциите на ОН, што на Пјонгјанг му забрануваат да користи технологии за балистички ракети, пренесуваат британските медиуми.

Затоа, денешното лансирање на рактета беше предмет на остра осуда од повеќе стани.

САД, Јапонија и Јужна Кореја за денеска побараа вонредно заседание на Советот за безбедност на ОН, на кое ќе се разгледа истрелувањето на ракетата од страна на Северна Кореја.

Јапонскиот премиер Шиндѕо Абе лансирањето на ракетата го оцени како „апсолутно неприфатливо“.

Русија остро го осуди потегот на официјален Пјонгјанг, истакнувајќи дека тој претставува тежок удар за регионалната безбедност, па и за безбедноста на самата Северна Кореја.

Француската Влада денеска, исто така, го oцени потегот на Северна Кореја како „безумна провокација“ и Советот за безбедност на ОН го повика на „брз и остар“ одговор.

Претходно и американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД ќе соработуваат со СБ на ОН во воведувањето „значајни мерки“ за Пјонгјанг да биде повикан на одговорност поради лансирање на ракетата, што го нарече флагрантно кршење на резолуцијата на ОН за севернокорејското користење на балистичка технологија.

И генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, остро го осуди лансирањето ракета и Северна Кореја ја повика да „се откаже од своите провокативни активности“.

Слично

Поврзани вести