(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од лансирањето на ракетата, Ким Јонг Ун гордо набљудува
По тестирањето на хидрогенската бомба, Северна Кореја уште еднаш ја покажа нејзината воена моќ.
Државната телевизија на Северна Кореја објави снимка на која се гледаат фотографии од бела ракета како прелетува во вселената, како и лидерот Ким Џонг Ун опкружен со воени официјални лица во командниот центар, додека во тек било славењето.
Лансирањето на ракетата се случи во саботата со цел да се постави сателит во орбитата.
Лансирањето на ракетата е во спротивност со санкциите на ОН, што на Пјонгјанг му забрануваат да користи технологии за балистички ракети, пренесуваат британските медиуми.
Веднаш по лансирањето, САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа вонредно заседание на Советот за безбедност на ОН, на кое ќе се разгледа истрелувањето на ракетата од страна на Северна Кореја.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UxCrioC-fdU[/embed]