Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Северна Кореја испука проектил кон уште една земја

(ВИДЕО) Северна Кореја испука проектил кон уште една земја

Северна Кореја тестираше уште еден проектил кој го надлета регионот на северна Јапонија пред да се урне во морето, објави јапонската Влада.

Јапонската војска не се обидела да го урне проектилот кој ја надлетал територијата на земјата рано наутро по локално време.

Проектилот се распаднал на три дела пред да падне во морето, јавуваат јапонските медиуми. 

Инцидентот го активирал „Ј системот за тревога“ во Јапонија па државната телевизија им испратила предупредувања на граѓаните да се засолнат на безбедно, додека на улиците се огласиле сирени и повици граѓаните да се засолнат.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави набрзо по инцидентот дека ќе преземе сѐ што е потребно за да ги заштити човечките животи.


Слично

Поврзани вести