(ВИДЕО) Северна Кореја и прати порака на САД: Погледнете ја нашата сила, спремни сме на војна!
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја е "подготвена да се бори во секоја војна, испровоцирана од САД", пренесуваат "Франс прес", АП и други светски медиуми.
Комунистичкиот лидер се појави на голема воена парада во главниот град Пјонгјанг во чест на 70-годишнината од владејачката корејски работничка партија.
"Денес нашата партија храбро изјавува дека нашите револуционерни вооружени сили се во состојба да се борат во секаков вид војна, испровоцирана од САД. Ние сме подготвени да ги заштитиме својот народ и синото небо над нашата татковина ", се закани Ким Џонг-ун.
Тој не ги коментираше посебно нуклеарните или ракетни можности на Северна Кореја во својот говор кој беше пренесуван на државната телевизија.
Во поголемиот дел од својот говор тој истакнуваше дека неговата влада е посветена да го подобри животот на Северна Кореја.
Според аналитичарите парадата и чествувања на годишнината се знак дека Ким се обидува да воспостави авторитетот меѓу партиските членови и меѓу војската.
Пред говорот Ким, облечен во црно, помина по црвениот тепих и ја поздрави почесната гарда. Потоа тој се качи на подиумот и почна да мафта на војниците кои учествуваат во парадата во Пјонгјанг.
До лидерот на Северна Кореја беше и кинескиот официјален претставник Лиу Јоншан, кој е еден од топ лидерите на кинеската Комунистичка партија.
На парадата учествуваат илјади војници.
На плоштадот има огромен банер со пораката: "Да живее Непобедливата корејска работничка армија".
Претходно овој месец беше објавено дека крај плоштадот беа наредени околу 800 шатори, 700 камиони и 200 оклопни борбени машини во врска со манифестацијата.
OВДЕ МОЖЕ ДА ЈА СЛЕДИТЕ ПАРАДАТА ВО ЖИВО:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/PzPvhrh7gLM[/embed]


