(ВИДЕО) СЕПАК Е ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД? Експлозија го исфрлила напаѓачот низ дупката на авионот!
Вистинска драма се одвивала во воздухот над Сомалија во Африка каде во текот на летот D3159 на авиокомпанијата „Daallo Airlines“ се случила експлозија во авионот. Колку што состојбата била опасна, сведочат и фотографиите на авионот со дупка на бочната страна.
Сведоците твдат како виделе дека од авионот лета запалено тело поради што се сомневаат дека се работи за терористички напад.
Според зборовите на очевидците еден од патниците буквално излетал запален низ дупката на бочната страна на авионот на висона од 4000 метри. Тие тврдат дека телото на постар човек паднало на околу 24 км од аеродромот Могадиш.
Да се потсетиме, пилотот Владимир Водопивец (64) од Белград стана херој бидејќи успеал безбедно да го приземји авионот на кој експолозијата му разнела дел од трупот. Владимир оштетеното летало во кое се наоѓале 74 лица го приземјил на аеродромот во Могадип во Сомалија.
Светските медиуми оценуваат дека пилотот го направил невозможното , бидејќи инцидентот поминал без жртви а се повредени само тројца патници.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/-XYxvH6ZThU[/embed]