Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕНЗАЦИОНАЛНА ПОБЕДА И СКАНДАЛ: Хабиб испиша историја па предизвика масовна тепачка

(ВИДЕО) СЕНЗАЦИОНАЛНА ПОБЕДА И СКАНДАЛ: Хабиб испиша историја па предизвика масовна тепачка

Русинот Хабиб Нурмагомедов успеа да го постигне она во кое се сомневаше поголем дел од светот - да го совлада поранешниот шампион Конор Мекрегор и да ја запише 27 победа без ниту еден пораз. Не беше тоа Конор на кој публиката е навикната, кој влезе во историјата на УФЦ освојувајќи два појаси во две различни категории. Од самиот почеток беше тромав и бавен отколку вообичаено, а Хабиб тоа знаел како да го искористи. Веднаш Русинот тргна на своето најсилно оружје - соборување. Тоа го успеа уште по првата минута од натпреварот и остатокот од рундата го помина над Конор.

Сепак Хабиб непосредно по таа ситуација запиша уште едно соборување и продолжи да бележи поени ''ground and pound''. Слична слика - непрепознатливиот Конор кој во текот на натпеварот задал само неколку удари, и мотивираниот Хабиб, гледавме до третата минута од четвртата рунда кога Русинот конечно усепа да ги заземе рамењата на Ирецот, и да ја изведе техниката ''rear naked choke'', по што Конор го предаде натпреварот.


По победата Набиб Нурмагомедов не му пружи рака на противникот во духот на спортист туку се залета да продолжи да се бори со него. Откако судијата го оттргна од Конор, Хабиб го извади штитникот за заби, го гаѓаше тренерскиот агол на популарниот Ирец и почна да ги пцуе. Недолго потоа ја прескокна оградата и почна да се тепа со тренерскиот дел на Мекрегор. Обезбедувањето набрзо успеало да ги раздвои а потоа во влетаа и тренерите и спаринг партнерите на Хабиб и почнаа од зад грб да го удираат Конор кој цело време непоместливо стоеше во ќошот на рингот.

Победата е прогласена но појас не му е ставен на Хабиб. Претседателот на УФЦ Дејн Вајт му рекол на рускиот борец дека не може да му стави појас пред сите бидејќи целата сала ќе почне да ги гаѓа со се што ќе им дојде пред рака. Борците се испратени во соблекувалната а во текот на денот ќе биде познато дали ќе има последици поради овој инцидент.


Слично

Поврзани вести