(ВИДЕО) СЕНА ЌЕ ГО ПОТОПИ ПАРИЗ: Нивото четири метри над нормала
Националната агенција за следење на поплавите во Франција објави дека нивото на реката Сена утрово достигнало 5,84 метри, што е четири метри над нормалата.
Водата почна да опаѓа, но тоа ќе биде многу бавно и се очекува нивото на водата да почне да опаѓа утре.
Седум железнички станици во Париз се затворени, како и една од најфрекфентните брзи приградски линии на возот нема да работи барем уште една недела.
Долниот кат на музејот Лувр е затворен од минатата недела.
Други градови по должината на надојдената Сена поминаа многу полошо од Париз. Штета има дури во 242 села долж реката и нејзините притоки и поплавата сега им се заканува на градовите низводно, западно од Париз, кон Нормандија и Ламанш.
Париз е подобро подготвен за поплави отколку кога во 2016 година кога го поплави Сена која достина ниво од 6,1 метри.
Сена имаше ниво од 8,62 метри во 1910 година.