(ВИДЕО) Село кое природата го „проголта“ денес е атракција
Кинеското село кое било напуштено пред 20 години, денес природата целосно го „проголтала“. Ова село во 1980-тите имало околу 3.000 жители, но поради големата оддалеченост и тешкиот пристап, жителите почнале да се иселуваат во 1990-тите.
Во Тихиот океан се наоѓа малиот остров Шенгшан, кој е дел од архипелагот Шенгси, а на неговите ридови се наоѓа рибарското село Хутуван. Таму сега има многу празни куќи кои природата ги „проголтала“. Вегетацијата ја покрива скоро секоја зграда. Хоутуван порано беше вистински мал просперитетен центар.
Лани селото го посетиле 90.000 туристи, што на островот му донело приход од 470.000 долари.
Слично
