(ВИДЕО) Секунди и пресудија: Во моментот на земјотресот во Мексико жена спаси „жива глава“
Британски Телеграф објави шокантно видео од жена во Мексико која ја избегнала смртта за дланка. Имено, на видеото се гледа како стои пред една фонтана, веројатно во некој трговски центар, кога парчиња стакла „стрелаат“ кон неа.
Таа веднаш тргнала да бега од местото каде стоела, за да буквално во следниот момент на тоа место падне огромен прозор кој сигурно би ја убил на лице место да не се поместеше оттаму.
Вчера Мексико беше погодено од силен земјотрес кој однесе во смрт над 200 лица.
Погледнете го видеото:
Shocking footage as a woman narrowly misses being hit by a pane of glass during the Mexico earthquake pic.twitter.com/L771mcdw0H
— The Telegraph (@Telegraph) September 20, 2017
Слично
