(ВИДЕО) СЕДУМ УБИЕНИ И СТОТИЦИ УАПСЕНИ: Воена состојба во Јужна Африка
Воена состојба има на улиците во Јужна Африка.
Војската е на нозе, се пука на сите страни, а убиено е и бебе. Маж починал откако искрварил на улица. Најмалку седум лица се убиени и неколку стотици уапсени во нередите кои избиле во Јужна Африка по апсењето на некогашниот претседател Џејкоб Зума.
Демонстрантите постојано се обидуваат да упаднат во клиниките каде се наоѓаат повредените. Екс претседателот на Јужноафриканската република, Џејкоб Зума, минатата недела се предал на полицијата и ќе одлежи казна затвор од 15 месеци поради непочитување на судот. Зума, претседател на економски најразвиената африканска земја од 2009 до 2018 година, е обвинет за бројни случаи на корупција, рекетирање, измами, затајување данок и перење пари.
