Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се зголемуваат нападите врз бегалските центри во Германија

(ВИДЕО) Се зголемуваат нападите врз бегалските центри во Германија

Во оваа година нападите и друг вид напади врз бегалските центри во Германија се зголемиле повеќе од двојно во споредба со минатата година, објави германската криминалистичка полиција.

Властите во Берлин оваа година очекуваат во земјата да пристигнат рекордни 800 000 бегалци, што создава тензии во општеството, а во некои делови на земјата имаше и протести како и напади против барателите на азил.

Во последните неколку месеци злосторствата достигнаа нови нивоа, изјавила портпаролката на криминалната полиција Сандра Клеменс. Таа појаснила дека во изминатата година вкупниот број на нападите бил околу 200, а од почетокот на оваа година до денес тие веќе се 437. Во повеќето случаи станува збор за уништување на имотот, пишување на графити и вербални навреди.

59 од нив се идентификувани како насилни, што е два пати повеќе во споредба со целата измината година кога нивниот број бил 26, прецизира Сандра Клеменс.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jh5XzM4Ebvc[/embed]
Слично

Поврзани вести