Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ЗДРУЖУВААТ ДВЕ СИЛИ: Кина застанува до Русија да ја уништат Исламска држава!

(ВИДЕО) СЕ ЗДРУЖУВААТ ДВЕ СИЛИ: Кина застанува до Русија да ја уништат Исламска држава!

Освен што ИСИЛ ги напаѓа од воздух, Путин неодамна во Сирија испрати и најелитна единица од руската војска. Меѓутоа, изгледа дека вистинското за Исламистите допрва ќе почне. Имено, се нагодува дека на Русија во Сирија ќе и се придружи и Кинеската народна ослободителна армија, пишува британски Експрес.

Според изворите од сириската војска, Кина на Русија би требало да и се придружи „во наредните неколку недели“, а официјален Пекинг веќе некое време заговара „координиран одговор“ на се поголемата терористичка закана.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0lU7BfS76NE[/embed]

„Светот не може да си дозволи да седи со скрстени раце и да гледа што се случува во Сирија. Мора да се обединиме да влијаеме против насилните екстремистички идеологии“, изјавил кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји пред ОН. Токму тој минатата недела се состанал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров  после што изјавиле како се „сложуваат околу бројни меѓународни проблеми“.

Кинески воени бродови наводно веќе се наоѓаат на бреговите на Сирија, а е спремен и носач авион од кој секој момент може да полетаат авиони Ј-15.

Руски медиуми исто така јавуваат дека Игор Морозов потврдил дека кон Сирија патува кинеска воена морнарица и дека кинески воени советници веќе се во регионот.

Морозов кој е член на Големата руска федерација за меѓународни работи јасно изјавил како „Кина им се придружила на руските воени операции во Сирија“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/TqVxL29nZSM[/embed]

Меѓутоа неговите наводи уште не ги потврдила Кина, па засега се земени само во резерва.

Слично

Поврзани вести