Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се запали зградата на постојаната мисија на Србија во Њујорк

(ВИДЕО) Се запали зградата на постојаната мисија на Србија во Њујорк

Утринава Министерството за надворешни работи соопшти дека пожар изби во зградата на Постојаната мисија на Србија во ОН во Њујорк. Ситуацијата ги врати старите сеќавања на Србите пред две години кога во Њујорк до темел изгоре соборната црква Свети Сава на Велигден.

Од таму велат дека надлежните органи сведнаш се упатиле на местото на настанот и е утврдено дека пожарот е предизвикан од неправилна инсталација. 


"За среќа, имаме осигурување. Во моментов, прозорците се скршени и водата тече надолу по скалите. Во моментов немаме интернет. Една канцеларија не се користи. Вистинска среќа е што пожарот бил забележан рано и  пожарникарите брзо пристигнаа ", изјави српскиот претставник за медиумите.

Американски сајт  пренесе дека во пожарот што избувнал по 20 часот по локално време повредил полесно тројца цивили и еден пожарникар. Пожарот бил гасен два часа, а затворена била целата Петта авенија.

Зградата, која се наоѓа во близина на Централ Парк е под заштита на државата од 1966 година. Таа била изградена во 1905 година и беше позната како дом на Роберт Ливингстон, пред да биде предадена на Постојаната мисија на поранешна Југославија во Обединетите Нации. Таа е дизајнирана од архитектонска фирма "Ворен и Ветмор", кои ја имаат проектирано и станицата Гранд Централ во Менхетен. Зградата во моментов се продава и почетната цена е 50 милиони долари.


Слично

Поврзани вести