Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ВЕРУВАШЕ ДЕКА УКРАИНА ВЕЌЕ НЕМА ОД ОВИЕ РАКЕТИ: Украинците го ракетираа мостот на Крим

(ВИДЕО) СЕ ВЕРУВАШЕ ДЕКА УКРАИНА ВЕЌЕ НЕМА ОД ОВИЕ РАКЕТИ: Украинците го ракетираа мостот на Крим

Украинците го ракетираа Крим.

Иако мнозинството мислеше дека се работи за тактички ракети ATACMS со дострел до 165 километри, се покажа дека се употребени за крстосувачки ракети „Storm Shadow“, за кои некои медиуми шпекулираа дека Украина повеќе ги нема.

„30. Октомври, околу 13:00 часот по московско време, беше запрен обидот за напад на режимот во Киев со осум крстосувачки ракети „Сторм Шадоу“ врз цели на полуостровот Крим. Како резултат на одбивање на нападот на дежурните системи за противвоздушна одбрана, сите проектили се соборени“, соопшти Министерството.

Претходно во понеделникот гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, објави тревога за воздушен напад на градот, а потоа најави функционирање на системот за противвоздушна одбрана. Војската користела маскирање со чад во областа на заливот. Имало привремена блокада на сообраќајот на мостот на Крим. Сообраќајот е обновен. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 


Слично

Поврзани вести