(ВИДЕО) СЕ УРНА ЗГРАДА: Настрадаа најмалку 9 лица
Официјални лица во Индија информираа дека најмалку 9 луѓе загинале кога зграда се урнала во градот Мумбај.
Според властите, се стравува дека 30 луѓе се заробени под урнатините. Од урнатините 16 лица се извлечени, а спасувачките операции сѐ уште траат. Полицијата се сомнева дека поројниот дожд ја ослабел структурата на станбената зграда која се наоѓала во густо населена област во градот. Зградата била стара околу сто години.
Илјадници згради во Мумбај, кои се постари од 100 години, се во опасност од рушење, затоа што нивните темели делумно се ослабени поради обилните монсунски дождови кои градот ги доживеа изминативе 15 години.
Ваквите несреќи се чести во Индија за време на сезоната на монсуните, од јуни до септември. Поради високата побарувачка и лабавите прописи, градежните компании често користат лоши материјали и градат дополнителни спратови за кои немаат дозвола.
