(ВИДЕО) Се урна воен авион на аеромитинг: Седум загинати, пилотот извлечен од запалените остатоци!
Седум лица загинаа денес во несреќа на авион во текот на аеромитинг на подрачјето на западен Сусекс, во Велика Британија. Поранешниот воен авион, како што се гледа на снимките, паднал врз автомобилите на блискиот автопат и експлодирал.
Има и повредени, лесно и потешко.
Пилотот сепак го преживеал падот. Во последен момент капитулирал во воздух и тргнал кон тлото.
Околу 20 000 луѓе сведочеа на падот на авионот.
Сведоци велат дека авионот изведувал круг во воздух и дека „на дното“ на кругот изгубил сила и тргнал кон тлото.
„Слушнавме експлозија и видовме како се мешаат оган и дим. Сите се во шок, се надеваме дека само пилотот преживеал“, вели Џејсон Дварик.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/pvHplYmh2f8[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/XjmglwWS3xU[/embed]
Слично
