(ВИДЕО) СЕ УРНА МОСТ, ВОЗОТ ПАДНА ВО ДЛАБОКАТА РЕКА: Сулфур и асфалт предизвикаа катастрофа за Јелоустоун
Три вагони полни
со врел асфалт и четири вагони со растопен сулфур завршија во реката Јелоустоун
во САД откако воз излета од шините по уривање на мостот. Несреќата се случила
изминатиот викенд во округот Стилвотер, соопшти Одделот за катастрофи и итни
служби на округот.
Енди Гарланд, портпарол на Монтана Раил Линк, во чија сопственост е возот, изјави дека никој не е повреден. Тој истакна и дека два вагона превезувале натриум хидросулфат, но ниту еден не завршил во водата. Вкупно десет вагони излетале од шините, а навистина е среќа што ниту еден од нив не превезувал нафта. Се прават обиди да се утврди колкав дел од товарот се излеал во реката.
Слично
