Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ УРНА ДЕЛ ОД ПЛАНИНА: Силен земјотрес го погоди Тајван

(ВИДЕО) СЕ УРНА ДЕЛ ОД ПЛАНИНА: Силен земјотрес го погоди Тајван

Силен земјотрес од 5.9 степени денеска го погоди Тајван, каде паѓаа делови од згради, а се сруши и планина. 

Епицентарот се наоѓал на 67 километри од градот Хуалиен, на источниот брег на островот, а длабочината била 31 километар.

На X се појави видео на кое се гледаат свлечишта на планината и градежни материјали што паѓаат од зграда. На истото видео се гледа и како се креваат бранови поради потресот додека човек се капе во базен. 

Граѓаните кои го почувствувале земјотресот пријавиле преку апликацијата EMSC. Многу од нив добиле предупредување 30 секунди пред земјата да се затресе, што им овозможило да се засолнат.


Слично

Поврзани вести