Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се урна авион, луѓето трчаа и бараа помош

(ВИДЕО) Се урна авион, луѓето трчаа и бараа помош

По полетувањето патнички авион со 103 патници и членови на екипажот се урна во мексиканската сојузна држава Дуранго. 

Загинати во несреќата нема, а со повреди се здобиле 97 луѓе. Авионот полетал од мегународниот аеродром во главниот град Дуранго и требало да слета во Мексико Сити. 

Преживеаните биле во состојба сами да излезат од остатоците на авионот. Две лица се во критична сосотојба. Голем дел од нив истрчале до блискиот пат и ги запирале возилата барајќи помош.

Се претпоставува дека  причина за падот на леталото се лошите временски услови. 

Државниот гувернер Хозе Росас Аиспуро изјави дека авионот бил погоден од налет на ветaр, што предизвикало ненадејно спуштање. Неговото лево крило допрело до земјата и двата мотори отпаднале.


Слично

Поврзани вести