(ВИДЕО) Се тепаа пратеници во турскиот Парламент, на пратеник наводно му е скршен носот
Тепачка се случи денеска во парламентот во Турција за време на положување заклетва.
Се тепаа претставници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) за време на положувањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек, а седницата беше прекината.
Инцидентот се случил кога, како што објавува турскиот „Хуриет“, Гурлек отишол до говорницата да положи заклетва, по што пратениците на ЦХП се приближиле до говорницата, а пратениците на АКП возвратиле, што довело до тепачка.
Во инцидентот, пратеникот на АКП од Анкара, Осман Гокчек, и пратеникот на ЦХП од Шанлиурфа, Махмут Танал, физички се судрија, а турските медиуми објавија дека на Танал наводно му е скршен носот.
Претходно, заменик-шефот на пратеничката група на ЦХП, Мурат Емир, оцени дека назначувањето на Гурлек за министер за правда е неуставно, наведувајќи дека судиите и обвинителите, доколку не поднеле оставка, не можат да се занимаваат со политика.
фото принтскрин#Turkey’s parliament today looked more like a professional wrestling match than a deliberative body. pic.twitter.com/kBk7UFJYgF
— Michael Freund (@msfreund) February 11, 2026
