Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ СТРЕСОА ЧИЛЕ И АРГЕНТИНА, ИМА ОПАСНОСТ ОД ЦУНАМИ: Eвакуирани се и базите на Антарктикот

(ВИДЕО) СЕ СТРЕСОА ЧИЛЕ И АРГЕНТИНА, ИМА ОПАСНОСТ ОД ЦУНАМИ: Eвакуирани се и базите на Антарктикот

Поради земјотресот во Јужна Америка, евакуирани се и базите на Антарктикот. Се стресоа Чиле и Аргентина. 

Потресот со јачина од 7,4 степени по Рихтер го погоди крајбрежјето на Чиле во превојот Дрејк помеѓу Кејп Хорн и Антарктикот на длабочина од само 10 километри, соопшти Американскиот геолошки завод, што доведе до наредба за евакуација поради закана од цунами.

Чилеанската агенција за катастрофи СЕНАПРЕД соопшти дека нема штета на клучната инфраструктура или луѓе, но повика на евакуација по должината на јужниот брег поради ризик од цунами.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи, може да се види како луѓето мирно се евакуираат, а во позадина се слушаат сирени. Луѓето беа во парковите испаничени од земјотресот. 


Годишно во светот се случуваат 10 до 20 вакви силни земјотреси.


Слично

Поврзани вести