Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ШИРАТ ШУМСКИ ПОЖАРИ: Во Франција се евакуирани 10.000 луѓе

(ВИДЕО) СЕ ШИРАТ ШУМСКИ ПОЖАРИ: Во Франција се евакуирани 10.000 луѓе

Шумски пожари беснеат во јужна Франција, каде се евакуирани 10.000 луѓе, а седум региони се под црвен аларм. 

Властите соопштија дека 41 област е под портокалов аларм. Најкритична е состојбата во департманот Источни Пиринеи, каде голем пожар во близина на Тревијах зафатил најмалку 4.600 хектари. Жителите на 26 општини добиле препорака за евакуација.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунјез, најави посета на погодениот регион.

„Како што и очекувавме, се соочуваме со многу тешка сезона на пожари, која започна еден месец порано од вообичаено“, изјави Нунјез. 

Вели дека од почетокот на годината во Франција изгореле повеќе од 11.000 хектари, што е речиси двојно повеќе во споредба со истиот период лани, кога биле уништени околу 5.700 хектари.

Поради пожарите во Источните Пиринеи, организаторите ја изменија денешната етапа на Тур де Франс, која ќе се одржи без присуство на публика и без традиционалниот промотивен караван.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека четири противпожарни авиони од европската флота RescEU ќе бидат испратени во Франција. 


Слично

Поврзани вести