Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се шират пожари во Русија, војската помага во гаснењето

(ВИДЕО) Се шират пожари во Русија, војската помага во гаснењето

Пожари има во Сибир и Далечниот исток.

Руската служба за заштита на шумите, соопшти дека повеќе од 30.000 квадратни километри горат, повеќето во тешко достапни области и каде евентуалната штета може да биде помала од цената на борбата против нив.

Пожарите не зафатиле населени места, силниот чад од нив влијае на околу 800 заедници.


За некои од пожарите се верува дека се појавиле од удари на гром.

Руската војска се приклучила во напорите за гасење на пожарите, испраќајќи транспортни авиони и хеликоптери. Но, активистите веруваат дека владата не презема едвај доволно активности и десетици активисти денес протестираа пред Министерството за природни ресурси.

Во источниот сибирски град Чита, 4.700 километри источно од Москва, центарот на градот е обвиткан во сивило за време на посетата на премиерот Дмитриј Медведев. Медведев повика на ефикасно користење на локалните ресурси за борба против пожарите.


Слично

Поврзани вести