Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ШЕТАШЕ НА ПЛАЖА СО СОПРУГАТА: Бајден изгуби рамнотежа

(ВИДЕО) СЕ ШЕТАШЕ НА ПЛАЖА СО СОПРУГАТА: Бајден изгуби рамнотежа

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден изгубил рамнотежа  додека се движел по нестабилниот песок на плажата Рехобот во неделата попладне.

Тој се шетал со првата дама Џил Бајден на песочната плажа во американската држава Делавер, објавија американските медиуми.

Бајден (81) се сопнал, па дури му била потребна помош од првата дама додека се шетал на песочна плажа во близина на неговиот дом во Делавер во неделата, според видео снимките на американската телевизиска мрежа „CSPAN“, објави Њујорк Тајмс.

Бајден потоа го засили темпото додека новинарите го прашуваа што ќе разговара со новоизбраниот претседател Доналд Трамп на состанокот во Белата куќа во средата, а тој не одговори на ниту едно од прашањата на медиумите.

„Бајден моментално се бори со песокот во неговата куќа на плажа во Делавер. Песокот победува“, се вели во објавата на Платформа Х на Републиканскиот национален комитет.

Двојката се врати во Белата куќа неколку часа подоцна. И претходно, имаше слични ситуации во кои Бајден губеше рамнотежа, паѓаше при качување во авион или при возење велосипед. 


Слично

Поврзани вести