Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ПРЕДАВА АСАНЖ: Основачот на Викликс најави дека ќе им дозволи на Британците да го уапсат!

(ВИДЕО) СЕ ПРЕДАВА АСАНЖ: Основачот на Викликс најави дека ќе им дозволи на Британците да го уапсат!

Основачот на Викиликс Жулијан Асанж најави дека утре ќе и се предаде на британската полиција ако панелот на ОН одлучи дека е законски приведен.

Британската полиција соопшти дека денес ќе го уапси основачот на Викилис Асанж ако ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон.

Асанж се засолни во Амбасадата на Еквадор во западен Лондон во јуни 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска поради обвинувањата за сексуални напади кои ги отфрли.

Тој поднел тужба против Шведска, Велика Британија и работните групи на на ОН поради одлуката за арбитриран притвор од септември 2014 година.

Асанж на Твитер објави дека ќе прифати одлука против него, но и дека се надева оти ќе биде слободен, односно дека ОН ќе одлучи во негова корист.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/kzeRZPVoVZ8[/embed]

Работната група на ОН за арбитриран притвор утре ќе ги соопшти резултатите на истрагата за Асанж, односно дали ќе бара негово ослободување. Панелот на правните експерти ги разгледал доказите од В. Британија и Шведска.

-Доколку ОН утре соопшти дека сум го изгубил случајот против В.Б. и Шведска ќе излезам од амбасадата на пладне за да ме уапси британската полиција бидејќи веќе нема смислени можности за понатамошни жалби-напишал Асанж, пренесе Би-Би-Си.

Тој наведе дека, доколку биде потврдено дека страните во спорот влијаеле незаконски, се очекува веднаш да му се врати пасошот и да се прекинат понатамошни обиди за негово апсење.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/wikileaks/status/695082823670198273/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Австралијанецот Асанж е уапсен во Лондон 2010 година врз основа на европскиот налог за апсење (European Arrest Warrant), кој го издаде Шведска.

Еквадор на Асанж му даде азил и тој влегол во Амбасадата на таа земја, откако Врховниот суд на В.Британја донесе одлука за негова екстрадиција.

Слично

Поврзани вести