Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се појави видео од експлозијата во Њујорк

(ВИДЕО) Се појави видео од експлозијата во Њујорк

Камерите за видео надзор го забележале моментот на активирањето на експлозивната направа на Менхетен во Њујорк. При експлозијата се повредени неколку лица, а полицијата уапси еден осомничен за активирање на бомбата.

Уапсен е Акајед Улах (27) од Бангладеш, кој што седум години живее во САД. Експлозијата се третира како терористички напад од страна на полицијата во Њујорк.

Напаѓачот детонирал бомба залепена за неговото тело во подземна железница во Њујорк и повредил три лица и самиот себе.

Комесарот на полицијата на Њујорк, Џејмс Онил соопшти дека експлозијата е поврзана со тероризам. 


Слично

Поврзани вести