Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Ова е моментот кога украински проектил го погодил божиќниот базар во Белгород

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Ова е моментот кога украински проектил го погодил божиќниот базар во Белгород

Снимен моментот кога украински проектил го погодил божиќниот базар во рускиот град Белгород. 

Украинските вооружени сили денеска попладне извршија напад врз рускиот град Белгород. Руското Министерство за вонредни состојби извести дека во нападот загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108, од кои 15 деца, биле повредени. Фотографиите објавени на интернет покажуваат запалени автомобили, згради со скршени прозорци и црн чад што се издига од некои згради. Еден од проектилите паднал на лизгалиштето, кое во тоа време било отворено. Наводно е погоден и Државниот технички универзитет во Белгород, објави Телеграмскиот канал База.

Ова е втор напад на Белгород за два дена. Вечерта на 29 декември, локалните власти информирале дека одбранбените системи собориле „неколку воздушни цели“ кои се приближувале кон градот. Наводно, во нападот едно лице загинало, а четворица се повредени.

Украина официјално не го коментираше нападот. РБЦ Украина напиша дека украинските „безбедносни и одбранбени сили“ ги извршиле нападите и дека тие биле насочени кон воени цели. Изворот за РБЦ Украина изјави дека тоа е „општа мерка која е последица на варварското гранатирање на Днепро, Харков и Одеса и убиства на цивили“.

Русија, која пред речиси две години изврши инвазија врз Украина, побара специјална седница на Советот за безбедност на ОН по украинскиот напад врз градот Белгород

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

фото: принтскрин


Слично

Поврзани вести