(ВИДЕО) Се појави снимка од сообраќајката на Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа имал сообраќајна несреќа, а видео од настанот се прошири низ социјалните мрежи. Несреќата се случила во Киев, во време кога Зеленски се враќал од регионот на Харков каде беше во посета на војниците по освојувањето на градот Изјум.
Во претседателскиот автомобил се удрил автомобил, но никој не е сериозно повреден. Во тимот на Зеленски имало и амбулантно возило кое застанало и му помогнале на повредениот возач од приватното возило, по што бил пренесенн и во болница. Од кабинетот на Зеленски јавија дека детално се истражуваат причините за сообраќајната несреќа.
Откако почна војната во Украина во февруари, властите неколку пати известија дека имало обиди за атентат на Зеленски, но тие се спречени, а имаше и уапсени лица.
Видеото можете да го видите овде.
