(ВИДЕО) Се откачи воз од локомотива - што се случи по 12 км движење?
Воз полн со патници со 22 вагони, се откачил од локомотивата и поминал 12 километри наназад, пред да запре на барикади кои властите во Индија ги поставиле на пругата.
Сепак во инцидентот нема повредени. Инцидентот се случил на истокот од Индија во сојузната држава Одиша.
„Можеше да биде голема катастрофа, но за среќа таквото сценарио беше спречено благодарение на внимателниот персонал“- велат од Министерството за железници.
Како што велат, додека вагоните се движеле наназад не дошло до поголеми проблеми и никој не е повреден.
Слично
