Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ СИРСКИ: Кажа колку територија зазеле во Русија

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ СИРСКИ: Кажа колку територија зазеле во Русија

Украина објави дека освоила 1.000 квадратни километри во Русија. 

Главниот воен командант на Украина, Олександар Сирски потврди дека Киев контролира околу 1.000 квадратни километри од руската област Курск, што е негов прв јавен коментар откако Украина ја почна својата најголема прекугранична офанзива во речиси две и полгодишната војна.

Додека Русија сè уште се обидува да го одбие нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на Олександр Сирски, шефот на вооружените сили, кој информира за борбите.

„Продолжуваме да спроведуваме офанзивна операција во областа Курск. Во моментов контролираме околу 1.000 квадратни километри од територијата на Руската Федерација“, рече тој.

Вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, изјави дека Украина држи 28 населени места.

Претходно денеска, министерот за одбрана Рустем Умеров апелираше до Париз да ја укине забраната за употреба на западно оружје за воени цели во Русија за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Себастиен Лекорну.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше исто барање до партнерите на Украина. 

Инаку, Сирски е Русин по националност и е роден во семејство на руски патриоти.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари, 2022 година. 


Слично

Поврзани вести