Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се искачи на највисоката зграда во Европа

(ВИДЕО) Се искачи на  највисоката зграда во Европа

Полицијата во Лондон е повикана денеска кај облакодерот „Шард“, откако авантурист е забележан во обид да се искачи по фасадата на највисоката зграда во Западна Европа, пренесува РТ.

Два полициски возила, две амбулантни возила и беспилотни летала се испратени на местото на настанот. Снимките покажуваат неидентификуван човек во близина на врвот на зградата, која има 95 ката, висока околу 310 метри. Во кулата „Шард“, која гледа кон лондонскиот мост, се сместени ресторани, канцеларии и хотел.

Портпаролот на Метрополитенската полиција, Дејвид Кевин Вилијамс, објасни дека полицајците успеале да го убедат авантуристот да влезе во зградата. Нема информации за тоа дали човекот е уапсен.


Слично

Поврзани вести