Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ Е ЗАТВОРЕНО ПОРАДИ ТЕБЕ: Макрон му се јави на Трамп од улица, заглави во сообраќај поради него

(ВИДЕО) СЕ Е ЗАТВОРЕНО ПОРАДИ ТЕБЕ: Макрон му се јави на Трамп од улица, заглави во сообраќај поради него

Францускиот претседател Емануел Макрон заглави во сообраќајот во Њујорк откако полицијата ги затвори улиците, а за да помине колоната на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Макрон пак, се движел кон француската амбасада кога неговото возило било запрено поради безбедносните мерки за колоната на Трамп, објави „Ла Депеш“.

На видеото се гледа дека францускиот претседател му приоѓа на полицаец за да се распраша за блокадите. Макрон потоа му се јавува на Трамп и на шега вели: „Како си? Погоди што? Чекам на улица бидејќи сè е затворено поради тебе“.

Претседателот на Франција потоа решил да го продолжи своето патување пеш, одејќи околу 30 минути низ улиците на Њујорк додека разговарал со Трамп.



Слично

Поврзани вести