Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ БОРЕЛЕ НА ЗМИСКИОТ ОСТРОВ И ВО МАРИУПОЛ: Украина и Русија разменија заробеници

(ВИДЕО) СЕ БОРЕЛЕ НА ЗМИСКИОТ ОСТРОВ И ВО МАРИУПОЛ: Украина и Русија разменија заробеници

Русија и Украина разменија стотици воени заробеници. 

Некои од ослободените Украинци се во притвор од 2022 година. Меѓу нив има и некои од оние кои се бореле во битките за украинскиот Змиски остров и градот Мариупол.

Русија и Украина размениле стотици воени заробеници според договорот постигнат со помош на Обединетите Арапски Емирати, пренесува АП.

Украинските власти објавија дека 230 украински воени заробеници се вратиле дома во првата размена по скоро пет месеци. Руското Министерство за одбрана соопшти дека со посредство на Обединетите Арапски Емирати се ослободени 248 руски војници. Украина настојува со помош на други земји да ги врати дома и киднапираните деца од Донбас. 

Руската инвазија на Украина почна пред скоро две години. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести