(ВИДЕО) Сакаа да го импресионираат Путин, морнарицата се посрамоти
Русија во неделата го прослави Денот на морнарицата, па по тој повод ја демонстрираа својата воена моќ на реката Нева во Санкт Петербург, а на настанот присуствуваше и рускиот претседател, Владимир Путин.
Парадата на која учествуваа 40 воени бродови, 38 авиони и околу 4. 000 војници се одвиваше совршено, се додека не се случи еден мал инцидент.
На снимката се гледа како еден од бродовите се удира во мостот, а некои од членовите на екипажот и паднаа од силината на ударот. Причината се уште не е утврдина. Добра вест е дека нема повредени, но има мала штета на мостот и бродот.
Претходно Путин потврди дека морнарицата ќе добие 26 нови бродови, а четири од нив ќе бидат опремени со новите рекети „Калибр“.
Слично
