Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) САД запленија уште еден танкер во Карипското Море

(ВИДЕО) САД запленија уште еден танкер во Карипското Море

Соединетите Американски Држави(САД) запленија уште еден танкер во Карипското Море за врски со Венецуела. 

Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, напиша на социјалните мрежи дека танкерот „Вероника“ претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите.

Ноем објави кратко видео кое го прикажува запленувањето на бродот. 

Танкерот „Вероника“ е шестиот брод што го запленија американските сили како дел од напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја преземе контролата врз производството, преработката и глобалната дистрибуција на венецуелски нафтени производи, а трет откако САД, во ненадеен ноќен напад пред речиси две недели, го киднапираа венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести