(ВИДЕО) САД во паника од ебола – двајца Американци се заразиле со опасната болест!
Двајца американски пациенти се префрлени на лекување во САД со опасниот смртоносен вирус ебола. Двајцата се заразиле при нивниот хуманитарен ангажман во Западна Африка, каде се шири овој вирус.
Американскиот лекар Кент Брентли и медицинската сестра Ненси Врајтбол биле префрлени со посебен обезбедуван превоз до Универзитетската клиника во Атланта, каде што ќе се лекуваат. Тие ќе бидат првите хоспитализирани пациенти во САД со вирусот на ебола.
http://www.youtube.com/watch?v=WRmJyJcyczY
Надлежниот лекар Брус Рибнер вели дека здравствената состојба на двајцата пациенти е „стабилна“ и оти се преземени сите мерки за да се спречи ширењето на еболата на територијата на САД.
Според податоци на Светската здравствена организација (СЗО) досега најмалку 729 луѓе починале поради вирусот во Западна Африка, меѓу нив 60 медицинари. Повеќе од 1300 луѓе биле инфицирани.
СЗО најави програма во вредност од 100 милиони долари (околу 75 милиони евра) за борба против еболата.
Слично
