(ВИДЕО) САД се смрзнуваат на температури под нулата, студот однесе четири животи!
Температурите во сите американски сојузни држави вчера се спуштија под нулата, во необичниот силниот бран на студено време за овој период од годината пшто ги зафати САД. Во државата Њујорк, обилниот снег и студот веќе се причина за смртта на четири лица.
Од студот се зафатени сите американски држави, па дури и Хаваи, објави Националната метеоролошка служба. Вчерашното утро беше најладно ноемвриско утро во САД уште од 1976 година! Ваков студен бран обично ја зафаќа оваа земја кон крајот на декември.
Најлошо било во округот Ери, во западниот дел на државата Њујорк, каде снежната покривка веќе изнесува метар и половина, а снегот не престанува да паѓа. Четири лица загинаа, од кои едно во сообраќајна несреќа предизвикана од лоши услови на патот, а три од срцев удар додека го чистеле снегот.
„Ова е веројатно полошо од се што сум видел во изминатите 40 години. Ќе ни треба време да се ископаме од овој снег“, рекол градоначалникот на Бафало Бајрон Браун.
Многу патници останале заробени на сообраќајниците. Снегот паѓа со брзина од 13 сантиметри на час, со што во опасност е доведен и досегашниот американски рекорд за паднат снег, кој изнесува 193 сантиметри за 24 часа.
Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо прогласи вонредна сосотојба во десет окрузи во западниот дел од државата.
http://www.youtube.com/watch?v=5x5SzBZNfEQ
Слично
