Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) САД објавија снимки од ракетните напади врз Сирија

(ВИДЕО) САД објавија снимки од ракетните напади врз Сирија
Американските воени бродови „Арлеј бурк“ и „Филипин си“ учествуваа во воздушните напади врз позиции на Исламската држава во Сирија. Од нив биле исфрлени ракетите „Томахавк“, кои завршија на сириска територија. САД претходно ги информирале сириските власти за првиот напад врз џихадистите на нивна територија. Меѓународната коалиција предводена од САД, во која учествуваат и неколку арапски земји, од утрово изведе 50-тина напади врз цели на Исламската држава, а притоа биле ликвидирани неколку десетици џихадисти. Американската војска објави видео снимки од ракетните напади, иницирани од двата воени брода во Персискиот Залив и Црвеното Море. http://www.youtube.com/watch?v=H9034BawdX4#t=79 http://www.youtube.com/watch?v=QVN2VEjNAl4  
Слично

Поврзани вести