(ВИДЕО) САД и Русија се обвинуваат меѓусебно: Кој кого удри во Сирија?
САД и Русија меѓусебно се обвинија дека не ги „напаѓаат“ терористите во Сирија, туку други цели. Според САД, Русите ја напаѓаат опозицијата, од Москва пак не прецизираат. „Над 90 проценти од ударите кои ги видовме, не беа насочени кон цели поврзани со „Исламска држава“ и „Ал Каеда“ . Тие во голема мера се насочени против опозициските групи“, изјавил портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, цитиран од агенциите.
За возврат Министерството за одбрана на Русија изјавило дека има причина да верува дека ударите на американските воздухопловни сили и на другите држави во Сирија не секогаш се нанесуваат против терористичките цели.
„Американските и други воздухопловни сили вршат напади веќе една година, но имаме причина да претпоставуваме дека тие се далеку не секогаш, и поточно, многу често нанесуваат удари не терористички цели“, изјавил портпаролот на министерството, генерал-мајор Игор Конашенков.
Вчера на 63-роденден на претседателот Владимир Путин, беше извршен и првиот напад против „Исламска држава“ во Сирија од бродови на руската воен флота, соопшти Министерството за одбрана во Москва. Користени се ракети од комплекс „Калибар НК“, а бродовите биле во Каспиското Море.
Крстосувачки ракети ги поразиле поставените цели, објавија уште од руското министерство. Точноста на поразот беше во дијаметар од 3 метри. Целите се фабрики за производство на проектили и експлозивни материјали, командни пунктови, магацини со муниција, оружје и гориво.
Предводник на групата руски борбени бродови бил ракетниот крстосувач „Дагестан“, кој е способен да нанесува удари со крстосувачки ракети на далечинаод 4000 километри. Истреланите ракети од него летале на височина од 50 метри над земјата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/iMasnaAf_H4[/embed]