(ВИДЕО) РУСКО ЧУДО ОД АВИОН: Новиот „MiG-35“ гу урива сите закони на физиката !
Руското воено воздухопловство добива нов лесен ловечки авион - MiG-35, кој е претставен и пред рускиот претседател Владимир Путин. Овој суперловец, 4++ генерација, е во состојба подеднакво ефикасно да ги погоди целите во воздух, на море и на копно, а воени експерти велат дека „ги урива сите закони на физиката“:
Директорот на програмот на воената авијација Обединети воздухопловни корпорации Владимир Михајлов рекол претходно дека сите тестирања над MiG-35, ќе бидат завршени оваа година, а дека идната година ќе почне првата испорака на авионот на руските Воздушно-космички сили.
Putin: Han comenzado las pruebas de vuelo del avanzado caza ruso MiG-35 https://t.co/RaJOemIA1O pic.twitter.com/b3nYKrUhR8
— RT en Español (@ActualidadRT) January 26, 2017
До 2020 руското Министерство за одбрана планира да купи околу 30 вакви авиони.
Се проценува дека цената на овој суперловец ќе изнесува 45 милиони долари. На крајот на октомври MiG-35 го имал својот прв лет, а авионот наредниот месец ќе почне со државни тестирања.
Vladimir Putin announces Russia MIG-35 test flight. pic.twitter.com/DadpHi1MsM
— Millennial Monitor (@kylemillennial) January 27, 2017
Со должина од 17 метри и полетна тежина поголема од 23 тони, „триесет и петката“ равива брзина од 2 560 км/ч и е во состојба без танкирање на гориво да прелета 3 100 километри.
Руските експерти велат дека ова е еден од најперспективните руски ловци, чија главна задача е нанесување на високопрецизни удари, вклучувајќи ги оние на објекти од стратешко значење.
Многумина тврдат и дека рускиот MiG-35 е посупериорен од американскиот F-35, а исто така воени експерти сметаат и дека рускот ловец благодарение на своите карактеристики и ниска цена ќе ги заинтересира купувачите од странство.
