(ВИДЕО) Руско божиќно видео ги вознемири Американците
Видеото кое неделава е објавено на Јутјуб каналот на руската телевизија „Раша Тудеј“, предизвика многу реакции и коментари на социјалните мрежи во САД.
Главните актери во видеото се едно американско момче и две верзии на Дедо Мраз, едниот облечен во американска сина, а другиот во руска црвена облека.
Дејството се случува „таму некаде во Америка“ воочи католички Божиќ. Заплетот е следен: Момчето подготвува традиционална божиќна закуска за Дедо Мраз, која се состои од чоколадни колачиња и млеко. Детето потоа се буди и оди до елката по подароци, а во позадина се слуша популарна божиќна музика.
Но, пред елката момчето го чека изненадувачка сцена – „американскиот“ Дедо Мраз е со врзани раце и со чорап во устата, очигледно нападнат од „рускиот“ Дедо Мраз. Во тој момент се појавува натпис „Ние го хакиравме Божиќ. Руски хакери“.
„Рускиот“ Дедо Мраз тогаш го поздравува момчето за Нова година и наместо да празнуваат за Божиќ го замолува да изрецитира руска стихотворба.
На крајот на видеото детето се обидува да ја изрецитира познатата стихотворба „За Татковината“, која започнува со зборовите „Дознав дека имам ограмо семејство“. Стиховите детето ги рецитира со силен американски акцент.
Видеото има скоро 300.000 прегледи и се смета дека е невкусен црн хумор.
Има и мислења дека целта е да се прикаже доминација на руските хакери над САД.
